Врз основа на членовите 7 и 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 05/2002), Советот на Општина Кичево на седницата одржана на ден27. 08. 2013година донесе :

СТАТУТ

на Општина Кичево

1. ОПшТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Општина Кичево е основана и нејзиното подрачје е утврдено со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија („Службен Весник на Република Македонија” бр. 55/04).

Подрачјето на Општина Кичево ги опфаќа градот Кичево и селата Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карбуница, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани-Челопечко, Светораче, Староец, Челопеци, Белица, Брждани, Видрани, Големо Црско, Горна Душегубица, Горно Добреноец, Долна Душегубица, Долно Добреноец, Другово, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Јаворец, Јудово, Кладник, Кленоец, Козица, Лавчани, Малкоец, Мало Црско, Манастирско Доленци, Подвис, Попоец, Пополжани, Прострање, Свињиште, Србјани, Цер, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Зајас, Колари, Колибари, Лешница, Мидинци, Речани- Зајаск, Тајмиште, Кнежино, Лазаровци, Мамудовци, Осој, Раштани, Трапчин Дол, Арангел, Бериково, Гарани, Жубрино, Јагол, Јагол Доленци, Ново Село, Осломеј, Папрадиште, Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Црвивци и Шутово

Граѓаните на Република Македонија, кои имаат постојано место на живеење на подрачјето на Општина Кичево, се жители на Општина Кичево.

Член 2

Со овој статут на Општината Кичево (во натамошниот текст: Општината), во согласност со закон, се уредуваат:

–          организацијата и работата на органите на Општината;

–          организацијата и работењето на комисиите на Советот на Општината;

–          вршењето на работите согласно начелото на супсидијарност;

–          начинот на информирање на граѓанитеи слободниот пристап до информации од јавен карактер;

–          случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот на Општината;

–          начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на Општината и постапување по нив;

–          начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните;

–          начинот на објавувањето на прописите на Советот;

–          начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба;

–          месната самоуправа;

–          начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината;

–          како и други прашања од значење за Општината.

Член 3

Општината е правно лице.

Член 4

Седиштето на Општината е во Кичево, ул. „Борис Кидрич” бр. 1.

Член 5

Општината има право на сопственост на ствари, парични средства и права.

Член 6

Општината има грб, знаме кои се уредуваат со Одлука на Советот на Општина Кичево.

За утврдување на грбот и знамето на Општината, Советот распишува конкурс и образува комисија.

Член 7

Комисијата од пристигнатите трудови по објавениот конкурс утврдува предлог за грбот односно знаме и го доставува до Советот на усвојување.

Член 8

Општината има печат и штембили.

Општината има печат со тркалезна форма во чија средина е напишано Кичево на македонски и албански јазик, по рабовите e испишано Р. Македонија на македонски и на албански јазик, во вториот ред е испишано Општина Кичево, на македонски и албански јазик.

Штембилите што ги употребува Општина Кичево се во форма пропишана со закон, и испишани на македонски и албански јазик.

Член 9

Општината има свој празник.

Празник на Општината е „11 септември” – Денот на ослободувањето на Кичево.

Член 10

Општината востановува општински признанија и награди.

Признанијата и наградите поблиску се утврдуваат со Одлука на Советот на Општината.

Член 11

Во Општината во службена употреба е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо.

Во Општината службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо е и албанскиот јазик и неговото писмо.

Член 12

Општината може со Одлука донесена од Советот на Општината да се здружува во здруженија во согласност со Закон.

Член 13

Општината соработува со општините од Републиката со Градот Скопје со локални самоуправи од други земји како и со меѓународни организации и локални заедници.

Општината членува во меѓународни организации на ниво на локални власти. Општината заради остварување на заедничките интереси и вршење на заеднички работи од својата надлежност, може со други општини од Републиката да здружува средства и да формира заеднички јавни служби заеднички административни тела за извршување на одделни надлежности согласно со Закон.

Член 14

Органите на Општината како и телата на Советот и јавните служби должни се да ги информираат граѓаните за својата работа и плановите за развој како и да им овозможат пристап до информациите на начин уреден со овој Статут.

2. НАДЛЕжНОСТ НА ОПшТИНАТА

Член 15

Општината самостојно, во рамките на законот и овој Статут ги врши работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со Законот за локална самоуправа или друг Закон, како и работите кои не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.

Член 16

Општината е надлежна за вршење на следните работи

  1. Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавање одобренија за градење објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште.
  2. Заштита на животната средина и природата, во смисла на преземање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита на бучавата и нејонизирачкото зрачење,
  3. Планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, водење на локална економска политика, поддршка на развојот на малите и средните претпријатија,развој на земјоделието и на предприемништвото на локално ниво и во тој контекст учество во воспоставување и развојот налокалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство.
  4. Комуналните дејности, во смисла на снабдувањето со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистувањена води, одржување на јавната чистота, собирање транспортирање и отстапување со комуналниот цврст и технолошки отпад, уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници, одржување на гробовите, гробиштата и давање погребални услуги, изградба одржување реконструкција и заштита на локалните патишта, улици, и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќајот, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, изградба и одржување на јавниот простор за паркирање, отстранување на непрописно паркирани возила, одстранување на хаварисани возила од јавните површини, изградба и одржување пазари, чистење на оџаците, одржување и користење напарковите,зеленилото, парк шумите, и рекреативните површини, регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови, определување на имиња на улиците, плоштадите, мостовите и другите инфраструктурни објекти.
  5. Културата во смисла на институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот обичаите старите занаети и слични културни вредности, организирање на културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештвото.
  6. Спортот и рекреацијата во смисла на развојот на масовен спорт и рекреативни активности, организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт како и поддршка наспортски сојузи.
  7. Социјалната заштита и заштита на децата во смисла на финансирање, инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари, остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно социјални проблеми, деца со посебни потреби, деца со еднородителски семејства, децата на улица, лицата изложени на социјални грижи, лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување право и воспитување на децата од предучилишна возраст.
  8. Образование восмисла на основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт и во согласност со законот, како и организирање со превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови,
  9. Здравствена заштита во смисла на управување со мрежата, јавни и здравствени организации, и објекти од примарна здравствена заштита во кои општината е застапена во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор над животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби од други области определени со закон.
  10. Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив.
  11. Ги уредува прашањата поврзани со одбележување на значајни настани и истакнати личности во спомен обележја, условите и постапката за подигање на спомен обележјата, субјекти одговорни занивно подигање и заштита, чување како и врши надзор и контрола. Води регистри за обележја на своето подрачје.
  12. Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна единица.
  13. Надзор над вршењето на работи од надлежност на Општината,
  14. Други работи определени со закон.

Член 17

Работите од член 16 на овој Статут се уредуваат со прописи на Советот на Општината, во согласност со постапките и стандардите утврдени со Закон.

Работите кои задолжително ќе ги извршува Општината ќе бидат определени со посебни закони и национални програми.

Член 18

Општината, во рамките на законот во согласност со начелото на супсидиарност, има право на своето подрачје да ги врши работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт и истите се определуваат со Одлука на Советот на Општината.

Со Одлуката од став 1 на овој член се уредува начинот и постапката за вршење на тие работи.

3. ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОРГАНИТЕ НА ОПшТИНАТА

Органи на Општината се

Советот и Градоначалникот

Совет на Општината

Член 19

Советот е претставнички орган на граѓаните.

Советот го сочинуваат 23 (дваесет и три) членови претставници од граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Мандатот на членовите на Советот трае 4(четири) години,

Членот на Советот не може да биде отповикан.

Член 20

Конституирањето на Советот, се врши со верификација на мандатот на членовите на Советот избрани на начин утврден со закон и со давање и потпишување на свечаната изјава со содржина утврдена со закон.

Верификацијата на мандатите на членовите на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот, по предлог на Комисија за прашања на верификација, избори и именувања што се формира на почетокот на седницата од редот на новоизбраните членови на Советот.

Верификацијата на мандатите на членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот, ја врши Советот на првата седница на која што тие ќе присуствуваат.

Член 21

Претседателот на Советот го избира Советот со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број членовите на Советот.

Предлог за претседател на Советот може да даде секој член на Советот.

Изборот на претседател на Советот може да се изврши и со тајно гласање, доколку за таков предлог на член на Советот одлучи Советот со мнозинство од присутните членови на Советот.

Постапката за избор на претседател на Советот со тајно гласање се уредува со Деловникот.

Член 22

Советот избира Претседател од редот на членовите на Советот со мандат од 4 години.

Претседателот на Советот ги свикува и раководи со седниците на Советот, се грижи за организацијата и работата на Советот, ги потпишува прописите што ги донес Советот и во рок од 3 дена од денот на нивното донесување ги доставува на Градоначалникот заради објавување.

Член 23

Советот на Општината ги врши следните работи

  1. Донесува Статут на Општината,
  2. Донесува Деловник на Советот,
  3. Донесува Програма за работа,
  4. Донесува Буџет на Општината и годишна сметка на Општината,
  5. Ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на надоместоците и таксите согласно закон,
  6. Донесува Генерален урбанистички план,
  7. Донесува Детални урбанистички планови, планови за села, и урбанистички планови за вон населени места,
  8. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштитата на децата, образованието, здравствената заштита, против пожарната заштита, во рамките на надлежноста определенасо посебен закон или во согласност со национална програма.
  9. Донесува Програма за уредување на градежното земјиште

–    за одржување на сообраќајната сигнализација,

–    за изградба и одржување на локални патишта и улици за јавно осветлување, за изградба, реконструкција и одржување на водоводи, фекална и атмосферска канализација.

  1. Донесување Програма за одржување на јавна чистота,
  2. Донесува Програма за одржување и чистење на парковите и други јавни површини од локално значење,
  3. Донесува Програма за одржување на гробиштата,
  4. Донесува Програма за одржување и користење на реките, во урбанизираните подрачја.
  5. Донесува Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја.
  6. Донесува Програма за спроведување заштита наживотна средина на подрачјето на општината Кичево,
  7. Донесува Одлука за комунален ред,
  8. Донесува Одлука за постапување со животни скитници во согласност со закон
  9. Донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот превоз и такси превоз,
  10. Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта,
  11. Донесува Одлука за одржување и користење на гробиштата,
  12. Донесува Одлука за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на спомен обележјата од локално значење,
  13. Донесува Одлука за регулирање режимот на сообраќај,
  14. Донесува Одлука за висината на локалните даноци и такси,
  15. Го уредува начинот на чистењетна оџаците,
  16. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење,
  17. Опредлува имиња на улиците, плоштадите, мостовите и други инфраструктурни објекти од локално значење,
  18. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на Општинската администрација на предлог од Градоначалникот,
  19. Основа јавни служби, и врши надзор над нивната работа и дава согласност на Статутот,
  20. Именува членови во Управните и Надзорните одбори на јавните служби што ги оснива Општината,
  21. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби што ги основала Општината,
  22. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење во согласност со Закон.
  23. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби што ги основала Општината,
  24. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината,
  25. Одлучува за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на Општината во согласност со закон,
  26. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во согласност со закон.
  27. Го разгледува и усвојува Годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на Општина Кичево, кој го доставува до Министерот за внатршени работи и Народниот правобранител,
  28. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот,
  29. Избира и разрешува претседател на Советот,
  30. Формира постојани и повремени комисии,
  31. Врши одделни овластувања во согласност со закон врз добрата за општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на Општината,
  32. Востановува општински признанија и награди,
  33. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на Општината
  34. Врши и други избори и именувања од својата надлежност, а во согласност со закон,
  35. Врши и други работи во согласност со закон.

Член 24

Советот работи на седници.

Седниците на Советот се јавни.

За исклучување присуство на јавноста на седници се одлучува ако затоа постојат оправдани причини утврдени со Статутот, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот.

При расправата на Буџетот на Општината, годишната сметка на Буџетот и на урбанистичките планови на Општината присуството на јавноста не може да се исклучи.

Член 25

Советот на Општината одлучува сомнозинство на гласови од присутните членови на Советот, а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на Советот, ако со Статутот не е предвидено посебно мнозинство.

Гласањето на седницата на Советот е јавно, освен ако Советот не одлучи со мнозинство гласови гласањето да биде тајно.

На барање на 1/4 од членовите на Советот, гласањето може да биде и поединечно.

Член 26

Статутот, Деловникот, Буџетот и Годишната сметка на Буџетот се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Член 27

Седниците на Советот се свикуваат по потреба, најмалку еднаш на три месеци.

Седниците ги свикува Претседателот на Советот на своја иницијатива, на барање од Градоначалникот или на барање од најмалку една четвртина од членовите на Советот, најдоцна во рок од 15 дена од денот на неговото поднесување.

Доколку во рок определен во ставот 2 на овој член Претседателот на Советот не ја свика седницата на Советот, членовите на Советот сами се состануваат и избираат претседавач на таа седница.

Денот, часот и местото на одржувањето на седниците на Советот како и предлогот на Дневниот ред по кој се работи, задолжително се објавуваат најдоцна 7 дена пред одржувањето на седницата.

Член 28

Советот одржува свечени седници за одбележување на значајни историски настани, а може да одржува свечени седници и за ислушување на говори на наши и странски државници, претставници на меѓународни организации и истакнати граѓани на странски држави како гости на Општината, при посета на делегација од друга земја кога таа сака да се обрати на членовите на Советот.

Член 29

Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности (пожар, поплави, земјотреси и сл).

Член 30

Вонредната седница ја свикува Претседателот на Советот по сопствена иницијатива или на барање една третина од членовите на Советот или напредлог од Градоначалникот.

Поканата за седницата со предложениот дневен ред се доставува од членовите на Советот на најбрз можен начин.

Пред отпочнување со работа членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на седницата без материјална расправа и без измена на Дневниот ред, со мнозинство на гласови од присутните членови на Советот.

Член 31

Членовите на Советот имаат право и должност да присуствуваат и да учествуваат во работата на Советот и на неговите постојани или времени комисии.

Членовите имаат право на самата седница на Советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на Градоначалникот.

Членот на Советот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење на Советот.

Работодавецот е должен да го ослободи од професионална работа членот на Советот заради присуство на седниците на Советот или на комисиите на кој е член.

Членовите на Советот имаат и други права и должности утврдени со Статутот и други прописи.

Член 32

Членот на Советот не може да учествува во процесот на одлучувањето за прашања во кои тој и неговиот брачен другар, дете или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.

Членот на Советот е должен да го информира Советот за прашањата за кои тој има финансиски или друг личен интерес.

Членот на Советот не може да биде вработен во општинската администрација во општината во која е избран.

Со денот на вработувањето согласно став 3 на овој член ќе се смета дека членот на Советот поднесе оставка.

Членот на Советот вработен во јавните служби што ги основала општината не може да учествува во процесот на одлучувањето за прашања што се однесуваат на јавната служба во која е вработен.

Член 33

На членот на Советот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако

–    Поднесе оставка,

–    во случај на смрт,

–    е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над 6 месеци,

–    настапи случај на неспоивост софункцијата член на Советот согласно со законот залокалните избори.

–    со правосилно решение биде личен од деловната способност и

–    престане да биде жител на Општина Кичево,

–    Советот на првата наредна седница ќе ја констатира причината на денот на престанување на мандатот на членот на Советот и тоа,

–    Во случаите од ставот 1, алинеја 1 од денот на одржувањето на седницата и

–    Во случаите до ставот 1 алинеи 2, 3, 4, 5 и 6 од денот на исполнувањето на условот.

На членот на Советот може да му биде одземен мандатот ако неоправдано отсуствува од 3 седници на Советот по ред.

За оправданоста на отсуството од ставот 3 на овој член одлучува Советот со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот.

Член 34

За претресување прашања од своја надлежност Советот формира комисии.

Комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени.

Мандатот на постојаните комисии трае колку и мандатот на членовите на Советот.

Составот и времетраењето на мандатот на повремените комисии ќе се определи со актот за нивното формирање.

Член 35

Комисиите на Советот на Општината,

–    расправаат за прашања од областа за која се формирани,

–    даваат мислења и предлози до Советот,

–    ги разгледуваат предлозите на Градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани,

–    предлагаат одлуки до Советот,

Комисиите на Советот на Општината, за разгледување, расправање на прашања, мислења и предлози можат да формираат свои работни тела во чии состав ќе учествуваат надворешни стручни лица од соодветната област.

Член 36

Постојани комисии на Советот се,

–    Комисија за Статут и прописи,

–    Комсија за финансии и буџет, и вршење надзор врз материјално – финансиско работење,

–    Комисија за јавни и комунални дејности, урбанизами заштита на животна средина,

–    Комисија за општествени дејности и соработка со Невладини организации

–    Комисија за еднакви можности на жените и мажите

–    Комисија за односи меѓу заедниците,

–    Комисја за мандатни прашања, избор иименувања,

–    Комисија за именување улици, плоштади, и други инфраструктурни објекти во Општина Кичево,

–    Комисија за празници и манифестации, и доделување оштински признанија и награди,

–    Комисија за месна самоуправа,

–    Комисија за заштита на човековата средина,

–    Комисија за здравство,

–    Комисија за млади и спорт и рекреација,

–    Комисија за унапредување на правата на пациентите

Комисиите се составени од по 5 (пет) члена на Советот освен:

Комисијата за односи меѓу заедниците која брои 6 (шест) члена од кои 2 (два) се членови на Советот, а 4 (четири) се надворешни членови и

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите која брои 7 (седум) члена од страна на членовите на Советот.

Комисија за унапредување на правата на пациентите која броји 9 (девет) члена од кои : двајца преставници од пациентите, двајца преставници од невладини организации, двајца лекари од Општина Кичево и тројца членови на Советот .

Член 37

Комисијата за Статут и прописи,

–    Ги утрдува Предлогот на Статутот на Општина Кичево,

–    Ги разгледува иницијативите и предлозите за измени и дополнувања на Статутот,

–    Ја следи примената на Статутот и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер,

–    Го утврдува предлог Деловникот на Советот,

–    Подготвува мислење по предлог Законите што се однесуваат на Општината,

–    Разгледува и други општи акти од надлежност на Општината,

Член 38

Комисија за финансии и буџет и вршење надзор врз материјално – финансиско работење,

Ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на Општината и Буџетот и завршната сметка на Буџетот на Општината и други прашања поврзани со финансиски средства.

Врши надзор врзматеријално финансиско работење на Општината а за резултатите од надзорот се информира Советот на Општина Кичево и Министерството за финансии, а преку Советот на Општина Кичево.

Член 39

Комисија за јавни и комунални дејности, урбанизам и заштита на животна средина

–    Ги разгледува прашањата, од работата на јавните служби, јавните установи и јавните претпријатија на Општина Кичево, кои вршат дејности од јавен интерес од локално значење,

–    Ги разгледува Генералниот и Деталните урбанистички планови и другата урбанистичка документација, како и прашањата од заштитата и унапредувањето на животната средина и споменичните обележја од минатото.

Член 40

Комисија за општествени дејности и соработка со Невладини организации

–    Ги разгледува прашањата од значење за развојот на мрежа и установи од областа на културата,спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното образование, основното образование, средното образование како и прашањата од други области од значење за интересите на граѓаните.

Член 41

Комисија за еднакви можности на жените и мажите

–    Комисијата за еднакви можности на жените и мажите врши промовирање и штитење на еднаквоста меѓу половите во уживањето на човековите права во сите општествени нивоа, вградување на половата димензија во процесот на нормирањето и институционализирањето на општествените процеси и односи, елиминирање на секаков облик дискриминација на жената,поголема застапеност на жената волокалната самоуправа и еднакво учество на жените и мажите во сите области на приватниот и јавниот живот.

Член 42

Комисија за односи меѓу заедниците

–    Ги разгледува прашањата кои се однесуваат на односите меѓу заедниците застапени во Општината, дава мислења и предлози на начините за нивно решавање кои ги доставува на разгледување пред Советот на Општина Кичево, а Советот е должен по разгледувањето на мислењата и предлозите да одлучи во врска со нив.

Член 43

Комисија за мандатни прашања, избор и именувања

–    Разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно имунитетни прашања,

–    Разгледува и подготвува предлози за избор и именувања и разрешување од надлежност на Советот на Општина Кичево,

–    Дава предлог за висината на платите, надоместоците и други примања на избраните и именуваните лица, до Советот на Општина Кичево кои што донесува Одлука

–    Дава предог за висината на надоместокот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот на Општината,како и трошоците направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот на Општината, а одлука донесува Советот,

Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на својата прва седница.

Член 44

Комисија за именување улици, плоштади и другиинфраструктурни објекти во Општина Кичево:

–    Дава предлог за определување на имиња на улици, плоштади мостови и други инфраструктурни објекти до Советот на Општина Кичево кој за истите донесува одлука.

Член 45

Комисија за празници, манифестации и доделување општински признанија и награди

–    Донесува Програма за одбележување на празници и манифестации ги прибира и разгледува предлозите за доделување награди, признанија и обележување споменични места и настани.

Член 46

Комисија за месна самоуправа

–    Ги разгледува прашањата од значење за месната самоправа и му предлага на Советот начин за нивно разрешување за што Советот носи Одлука.

Член 47

Комисија за заштита на човековата средина

–    Ги разгледува прашањата од значење за заштитата на човековата средина и природата – флората и фауната и му предлага на Советот преземање на мерки и активности, а Советот носи Одлука по предложените мерки и активности.

Член 48

Комисија за здравство

Разгледува прашања од значење за развојот на здравствената заштита, унапредување на здравјето,предлага превентивни активности предлага мерки за превентивни мерки при здравственото воспитување,

– Предлага мерки за надзор над заразните болести,

– Предлага мерки за помошна пациенти со специјални потреби (ментално здравје, злоупотреба на деца и др) и други области кои ќе бидат утврдени со закон, предлозите ги доставува до Советот на Оштината а за кои предлози Советот носи Одлука.

Член 49

Комисија за млади спорт и рекреација

–   Ги разгледува прашањата од областа на младите, спортот и рекреацијата, напредокот и развојот во возрасни индивидуи, по одржување на младинските иницијативи, како и вклучување на младите во донесувањето на Одлуки важни за локалната самоуправа.

– Ги координира активностите на здруженијата ориентирани кон младите, спортот и рекреацијата

Член 50

Komisija za unapreduvawe na pravatа na pacientite :

  1. Се грижи за unapreduvawe na pravata na pacientite i nivnata za{tita, ja sledi i procenuva sostojbata so za{tita. na pravata na pacientite, predlaga merki za podobruvawe na za{titata na pravata na pacientite od nadle`nite organi, sorabotuva so nadle`nite organi, razgleduva poplaki od pacienti i predlaga prezemawe na merki od nadle`ni organi, bara stru~na ekspertiza ako oceni deka e toa neophodno za utvrduvawe na sostojbata, vodi evidencija za poedine~ni poplaki na pacientite, kako i na merkite prezemeni za za{tita na pravata na pacientite, podgotvuva i podnesuva ГС, izdava informacii, promotiven i drug material so cel za unapreduvawe na pravata na pacientite i
  2. vr{i drugi raboti propi{ani so zakon

Член 51

Претседателот и членовите на комисиите ги избира Советот на Општина Кичево на предлог од Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања,

Предлогот за избор содржи онолку канидати колку што членови се избираат во работните тела,

Политичките партии и листите на независни кандидати на членови на Советот кои партиципираат во Советот на Општината ќе бидат пропорционално застапени во вкупниот број на членови на сите комисии.

Член 52

Начинот на работата на комисиитепоблиску се уредува со Деловникот на Советот на Општината.

Член 53

Советот се распушта ако за тоа се изјаснат мнозинството од вкупниот број членови на Советот.

Советот се распушта ако ;

–    Повторно се донесе прописот што претходно бил поништен или укинат од Уставниот суд на Република Македонија,

–    Донесе Одлука со која се загрозуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија,

–    Не се состане за период подолг од 6 месеци.

–    Не го донесе Буџетот и Годишната сметка на Буџетотдо 31 март на тековната година,

–    Во случај на распуштање на Советот за вршењето на работите од надлежност на Советот на Општина Кичево, се применуваат одредбите од Законот.

2. Градоначалник на Општината

Член 54

Градоначалникот се избира на ошти, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со Законот за период од 4 (четири) години,

Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

Член 55

Градоначалникот во рамките на своите надлежности,

–    Ја претставува и застапува Општината,

–    Ја контролира законитоста на прописите на Советот,

–    Со заклучок ги објавува прописите на Советот вослужбеното гласило на Оштина Кичево,

–    Го обезбедува извршувањето на Одлуките на Советот,

–    Го обезбедува извршувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на Општината,

–    Иницира и предлага донесување прописи од надлежност на Советот

–    Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на Буџетот на Општината,

–    Го изршува Буџетот на Општината,

–    Избира директори на јавните служби што ги основала Оштината врз основа на јавен конкурс,

–    Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот,

–    Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во согласност со законот,

–    Донесува Правилник за систематизација, на работните места на Општинската администрација,

–    Раководи со Општинската администрација,

–    Одлучува за вработувањето, правата должностите и одговорностите на вработените во Општинската администрација доколку поинаку не е определено со Законот,

–    Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста во согласност со Законот и Статутот,

–    Врши и други работи утврдени со Законот и со овој Статут,

Градоначалникот може да овласти раководен службеник на Општината да ја води постапката и да решава воуправни работи, како и да потпишува акти.

Член 56

Градоначалникот соработува со градоначалниците на другите општини по прашања од заеднички интерес од надлежност на општините.

Член 57

Ако Градоначалникот смета дека прописот на Советот не е во согласност со Уставот и Законите, должен е во рок од 7 дена од денот на доставувањето, со Решение да гозапре неговото објавување сокое ќе ги образложи причините за запирањето,

Советот е должен во рок од 15дена од денот на објавувањето на Решението од ставот 1 на овој член да го разгледа решението и да одлучува по него. Ако Советот го потврди прописот, Градоначалникот е должен да го објави и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за отценување на уставноста и законитоста на оспорениот пропис пред Уставниот суд на Република Македонија.

За иницијативата од ставот 3 на овој член Градоначалникот е должен да го иформира Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на работите од Локалната самоуправа.

Член 58

Градоначалникот е должен да поднесе извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот за секои 3(три) месеци во текот на годината.

За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку 2 (два) пати во годината,

Член 59

Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината.

Градоначалникот управува со сопственоста на Општината во јавен интерес и како добар домаќин.

Градоначалникот е должен, во управувањето со сопственоста на Општината, да презема мерки и да го обезбедува користењето, одржувањето и заштитата на сопственоста на Општината во согласност со закон.

Член 60

Новоизбраниот Градоначалник ја презема должноста од претходниот Градоначалник во рок од 7 дена од денот на изборот,

За време на вршењето на функцијата, Градоначалникот не може да врши друга професионална дејност.

Градоначалникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење пред Советот,

Градоначалникот определува кој од членовите на Советот ќе го заменува во случаи на спреченост или отсуство.

Во рок од 60 (шеесет) дена од денот на преземањето на функцијата Градоначалник е должен со решение да го определи членот на Советот кој ќе го заменува.

Решението од став 5 на овој член се објавува во „Службен гласник на Општина Кичево”.

За денот на настанувањето на спреченоста или отсуството Градоначалникот го информира претседателот на Советот.

На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето кога го заменува Градоначалникот.

Претседателот на Советот не може да го заменува Градоначалникот.

Платата и надоместоците на Градоначалникот како инадоместокот за членот на Советот што го заменува Градоначалникот, се уредуваат со Закон.

Член 61

Градоначалникот не може да биде именуван за член во Надзорни управни и контролни органи на трговски друштва и јавни служби.

Градоначалникот не може да учествува во процесот на одлучување за прашања од кои тој и неговиот брачен друга, деца или роднина во втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес

Градоначалникот е должен да го информира Советот за интересот од ставот 2 на овој член.

Во случаите од став 2 на овој член одлучува еден од членовите на Советот избран на начин на кој сеизбира претседателот на Советот.

Член 62

На Градоначалникот му престанува мандатот по сила на Законот.

–    Ако поднесе оставка,

–    Во случај на смрт,

–    Ако е осуден со правосилна пресуда, за кривично на казна затвор во траење над 6 месеци.

–    Ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност,

–    Ако настапи случај на неспоивост во вршењето на функцијата,

–    Ако настапи случај на неспоивост во вршењето на функцијата согласно Законот за локални избори,

–    Во случај на неоправдано отсуство подолго од 6 месеци иако престане дабиде жител на Општината,

За оправданоста на отсуството од став 1 алинеја 6 на овој член одлучува Советот со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Советот

Членот на Советот кој го заменува Градоначалникот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на еден од случаите од став 1 на овој член е должен затоа да го извести министерството надлежно за работите што се однесуваат за локалната самоуправа.

Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето од ставот 3 на овој член ја известува Владата на Република Македонија која во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето констатира дека настанал еден од случаите од став 1 на овој член и истовремено иницира постапка за распишување на нови избори за Градоначалник во согласност со законот.

Советот во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Одлуката на владата од ставот 4 на овој член ќе избере еден од членовите на Советот кој ќе ја врши должноста на Градоначалникот за периодот до избор на нов Градоначалник на начин на кој се избира Претседателот на Советот.

На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за време на вршењето на должноста Градоначалник во согласност со ставот 5 на овој член.

Изборите од ставот 4 на овој член нема да се спроведат доколку до новиот изборен период има најмалку 6 месеци.

2-а Посебни тела на Општината

А. Совет за заштита на потрошувачи

Член 63

Советот на Општината за разгледување на прашања и утврдување предлози кои се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби основани однего формира Совет за заштита на потрошувачите.

Член 64

Во Општината се формира совет за заштита на потрошувачите.

Советот за заштита на потрошувачите е составен од 10 (десет) членови, претставници на поголемите групи на корисници на јавните услуги воОпштината.

Членовите на Советот за заштита на потрошувачите не може да се избираат од редот на членовите на Советот на Општината.

Мандатот на членовите трае 2 (две) години со можност повторно да бидат избрани.

Член 65

Одлука за формирање на Советот за заштита на потрошувачите донесува Советот на Општината, на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања.

Комисијата од став 1 на овој член го составува предлогот по претходно добиени предлози на облиците на месна самоуправа во Општината.

Член 66

Советот за заштита на потрошувачите од редот на своите членови избира Претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите, со јавно гласање.

Член 67

Советот за заштита на потрошувачите работи на седница.

Седниците по правило се јавни.

Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на Советот за заштита на потрошувачите.

Советот за заштита на потрошувачите може да работи ако на седницата присуствуват мнозинство од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите.

Советот за заштита на потрошувачите одлучува со мнозинството од вкупниот број на членови на Советот за заштита на потрошувачите.

На седниците на Советот за заштита на потрошувачите можат да присуствуваат и учествуваат во работата Градоначалникот и Претседателот на Советот на општината без право на одлучување.

Член 68

Советот за заштита на потрошувачите разгледува прашања и утврдува предлози кои се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби на Општината, а особено.

–    ја следи состојбата на давањето на услуги од јавните служби

–    -се грижи за решавање на проблемите што граѓаните ги имаат при користење на услугите од претпријатијата и установите што вршат јавни услуги,

–    -се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги кон корисниците на услугите,

–    -организира јавни трибини и други форми на учество на граѓаните на кои ќе серасправа за унапредување на заштитата на потрошувачите.

Б) Партиципативно тело од областа на урбанизмот.

Член 69

Во Општината се формира партиципативно тело од областа на урбанизмот (совет, одбор), заради пренесување на ставовите и мислењата на граѓаните и правните лица во процесот на урбанистичкото планирање како и заради следење на состојбите и давање иницијативи насоки и сугестии во процесот на планирање и изготвување плански решенија за општината.

Партиципативното тело од областа на урбанизмот се состои од 10 (десет) членови.

Член 70

Одлука за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот донесува Советот, на предлог на Комисијата за мандатни прашања Избор и именувања.

Членовите на партиципативното тело од областа на урбанизмот се избираат,

–    Од редот на членовите на Советот,

–    По предлог на облиците намесна самоуправа,

–    По предлог на здруженијата на Граѓани,

–    Здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот, и

–    Општинската администрација.

Член 71

Партиципативното тело од областа на урбанизмот од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови на партиципативното тело со јавно гласање.

Член 72

Партиципативно тело од областа на урбанизмот работи на седници.

Седниците по правило се јавни.

Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на партиципативно тело од областа на урбанизмот.

Партиципативното тело од областа на урбанизмот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови.

Одлучува сомнозинство од вкупниот број членови.

На седницата можат да присуствуваат и учествуваат во работата Градоначалникот и претседателот без право на одлучување.

2.б. Вршење на работи според начелото на субсидијарност

Член 73

Општината, во рамките на законот во согласност со начелото на супсидијарност има право на своето подрачје да спроведува иницијативи во врска со сите прашања од значење за Општината што не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.

Определувањето на работите од став 1 на овојчлен, дефинирање нанивната содржина, начинот и постапката на нивното вршење се уредуваат со посебни Одлуки на Советот по предлог на Градоначалникот.

3. ОПшТИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА

Член 74

За извршување на работите однадлежност на органите на Општината се организира Општинска администрација.

Општинската администрација се организира во сектори и одделенија, ОПТЕ.

Општината може да организира Општински инспекторат заради вршење на инспекциски надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност.

Организацијата, делокругот иначинот на извршување на задачите на Општинската администрација ги утрдува Советот врз основа на предлог на Градоначалникот.

Член 75

Вработените во Општинската администрација кои вршат стручни, нормативно правни, извршни, управно –надзорни работи и решаваат управни работи имаат статус на државен службеник.

За вработувањето, правата и должностите, системот на плати и надоместоци на плати, одговорноста, оценувањето и престанокот на работниот однос на работите од став 1 на овој член ќе се применуваат одредбите од Законот за државните службеници.

За вработените во Општинската администрација кои вршат административно-технички помошни работи, и за вработените во Општинската територијална противпожарна единица се применуваат одредбите од работното законодавство.

Член 76

При вработувањето во Општинската администрација и во јавни служби кои ги основала Општината ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните коиприпаѓаат на сите заедници застапени во Општината на сите нивоа, како и почитување на критериумите на стручност и компетентност.

Член 77

Општинската администрација,

–    Ги подготвува актите на Советот и Градоначалникот,

–    Ги подготвува седниците на Советот како и седниците на неговите постојани и повремени комисии,

–    Врши стручни работи за Советот и за Градоначалникот,

–    Го води сметководството наОпштината,

–    Ја следи проблематиката во областите од надлежност на Општината врши анализа, на состојбата и дава иницијативи и предлози за нивно решавање,

–    Доставува Информации и податоци во врска со активностите на Општината, на барање на надлежните органи или врз основа на Закон.

–    Ракува со документите на Оштината, и ги чува се до нивно уништување, односно предавање во државниот архив на Република Македонија и

–    Врши и други работи што ќе и ги определи Советот и Градоначалникот.

Член 78

Заедничките административни тела за извршување на одделни надлежности ќе бидат основани или укинати врз основа на Одлука донесена со мнозинство гласови од вкупниот број членови, на секој од Советите на општините.

Врз основа на Одлуките од ставот 1 на овој член се склучува писмен договор во кој се утврдуваат,

Општините кои го основаат заедничкото административно тело,

Седиштето на заедничкото административно тело видот, обемот и начинот на извршување на активностите, користењето на објектите и опремата, финансирањето, начинот на укинувањето иконтролата на работењето на заедничкото административно тело.

Договорот од ставот 2 на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија” .

4. АКТИ НА ОРГАНИТЕ НА ОПшТИНАТА

А) Општи акти

Член 79

Статутот е основен акт на Општината, со кој се утврдуваат основните прашања во врска со надлежностите и организацијата на Општината и други прашања од значење за Општината.

Статутот на Општината се донесува во две фази, и тоа како Нацрт-Статут и Предлог-Статут.

Статутот на Општината го донесува Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот на Општината.

Член 80

Советот на Општината донесува Деловник на Советот, одлуки планови и програми, решенија, заклучоци и други акти и два мислење и утврдува насоки.

Член 81

Со Деловникот на Советот се уредува начинот за работа на Советот и неговите комисии, постапките за одлучување и односите со другите органи.

Деловникот на Советот на Општината се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот на Општината.

Член 82

Со Одлука на Советот се уредуваат работите од локално значење од надлежност на Општината.

Со Одлука на Советот на Општината се основа Општинска администрација и се уредува начинот на нејзиното работење и се основаат јавни служби.

Со Одлука Советот уредува и други прашања од својата надлежност.

Член 83

Советот донесува заклучоци кога разгледува пооделни извештаи, информации и анализи.

Советот дава мислење и утврдува насоки за извршување на прописите и другите акти што ги донесува Советот на Општината.

Член 84

Постапката за донесување на општи акти се уредува со Деловникот на Советот на Општината.

Општите и други акти се објавуваат во „Службен гласник на Општина Кичево”.

Општите акти влегуваат во сила 8 (осмиот) ден од денот на објавувањето, а по исклучок што го утврдува Советот на Општината со денот на донесувањето,

Б) Поединечни акти

Член 85

Советот и Градоначалникот во рамките на својата надлежност донесуваат поединечни акти.

Советот донесува решенија за избор и именување.

Градоначалникот на Општината донесува решение.

В) Објавување на актите

Член 86

Градоначалникот на Општината е должен во рок од 7 (седум) дена од денот на донесувањето на актите, да ги објави во „Службениот гласник на Општина Кичево”.

Член 87

За објавените акти се води посебна збирка.

Збирката можат да ја користат граѓаните и ќе им биде на увид во секое време.

5. ОБЛИЦИ НА НЕПОСРЕДНО УчЕСТВО НА ГраѓаНИТЕ ВО ОДЛУчУВАЊЕТО НА ОПшТИНАТА

А) Граѓанска иницијатива

Член 88

Граѓаните имаат право да му предложат на Советот на Општината да донесе одреден акт или да реши одредени прашања од својата надлежност.

Советот е должен во рок од 30 дена да расправа по иницијативата на граѓаните доколку таа е подржана од најмалку 10% на избирачите во Општината.

Поддршката од став 2 на овој член се обезбедува со потписи на граѓаните.

За решенијата по поднесената иницијатива Советот ги информира граѓаните.

Граѓанска иницијатива не може да се поднесе за кадровски и финансиски прашања.

Б) Собир на Граѓани

Член 89

Собир на граѓаните свикува Градоначалникот по своја иницијатива на барање од Советот или на барање од најмалку 10% од избирачите на Општината, односно на месната самоуправа на која се однесува определено прашање.

Собирот на граѓани може да се свика за подрачјето од целата општина или за подрачјето на месната самоуправа.

Градоначалникот е должен во рок од 30 дена да свика собир на граѓаните на барање од најмалку 10% од избирачите воОпштината или месната самоурава за која се однесува определеното прашање.

Барањето за свикување Собир на граѓани со потписи на заинтересираните Граѓани се поднесува до Градоначалникот.

Актот за свикување на собирот на граѓаните се објавува во локалните средства за информирање и се истакнува на јавни места на вообичаен начин.

Од денот на објавувањето односно истакнувањето на актот за свикување на собирот на граѓаните до денот на неговото одржување мора да изминат најмалку 5 дена.

Член 90

На собирот на граѓаните во одлучувањето учествуваат граѓаните кои имаат избирачко право.

Собирот на граѓаните го води Градоначалникот или лице овластено од него.

За прашањата за кои се расправа на Собирот на граѓани известува Градоначалникот, а по потреба и други овластени претставници на Општинската администрација.

Член 91

Заклучоците донесени на Собирот на граѓаните, органите на Општината се должни во рок од 30 дена да ги разгледаат и да ги земат предвид при одлучувањето и донесувањето мерки по прашањата на кои се однесуваат, како и да ги информираат граѓаните за своите одлуки.

В) Референдум

Член 92

Референдум може да распише Советот на Општината по своја иницијатива за прашања од негова надлежност. Советот е должен да распише референдум на барање од најмалку 20% од избирачите на Општината.

Барањето за распишување референдум се доставува до Советот на Општината со потписи на заинтересираните избирачи дадени пред надлежниот орган кој води евиденција за избирачкото право на граѓаните во Општината.

Член 93

По барањето за распишување референдум, Советот на Општината во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето донесува Одлука за распишување референдум.

Одлуката за распишување референдум содржи предмет на референдумот и денот на неговото одржување.

Член 94

Одлуката за распишување референдум се објавува во Службеното гласило и другите средства за објавување во Општината.

Од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдумот до денот на одржувањето на референдумот не може да помине помалку од 15 дена, ниту повеќе од 60 дена.

Член 95

Право на гласање на референдумот имаат граѓаните кои имаат избирачко право.

Референдумот го спроведува комисијата за спроведување на референдумот.

Претседателот и членовите на комисијата ги именува Советот на Општината.

Член 96

Комисијата за спроведување на референдумот.

–    Го определува времето на гласање,

–    Врши технички подготовки за спроведување на референдумот,

–    Ги определува гласачките места,

–    Ги утврдува резултатите од гласањето и

–    Се грижи за законито спроведување на референдумот.

Член 97

За спроведување на гласањето на референдумот Комисија за гласачките места формира Одбори за спроведување на референдумот.

Одборите ја спроведуваат правилноста и тајноста на референдумот.

Член 98

Времето на гласањето мора да се определи така што да им овозможи учество на референдумот на сите Граѓани што имаат право на гласање.

На гласачкото место на кое гласале сите Граѓани запишани во избирачкиот список, гласањето може да заврши и пред истекот на времето определено за гласање.

Член 99

Прашањето, односно актот што е предмет на референдумот мора да биде на соодветен начин изложено на гласачкото место.

Членовите на одборот се должни на Граѓанинот што пристапил на гласање по негово барање да му дадат објаснување за предметот на референдумот и за начинот на гласање.

Член 100

На референдумот секој Граѓанин има право само на еден глас.

Граѓанинот може да гласа само лично.

Член 101

На референдумот се гласа со гласачко ливче.

Содржината на гласачкото ливче ја пропишува Комисијата за спроведување на референдумот.

Прашањето на гласачкото ливче мора да биде формулирано прецизно и недвосмислено така што Граѓанинот на референдумот да може да одговори со „ЗА” или „ПРОТИВ“ предлогот..

Член 102

Граѓанинот на референдумот се изјаснува така што на гласачкото ливче го заокружува зборот „ЗА” или „ПРОТИВ” од алтернативата за која се гласа.

Член 103

По завршувањето на гласањето одборот гоутврдува резултатот од гласањето на гласачкото место и за тоа составува записник.

Формата и содржината назаписникот ги пропишува Комисијата за спроведување на референдумот.

Веднаш по составување на записникот, одборот доставува извештај до комисијата за спроведување на референдумот.

Член 104

Комисијата за спроведување на референдумот врз основа на примениот гласачки материјал од стие гласачки места гоутврдува резултатот од референдумот.

Одлуката за референдумот се донесува со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.

Одлуката донесена од референдумот е задолжителна за Советот.

Комисијата за спроведување на референдумот поднесува извештај за спроведениот референдум до Советот на Општината.

Член 105

Прашањето, односно актот што граѓаните не го прифатиле на референдумот не може повторно да се изнесува на референдум пред истекот на 6 (шест) месеци од денот на одржувањето на референдумот.

Г) Претставки и предлози

Член 106

За работата на органите на Општината и општинската администрација, граѓаните имаат право поединечно или заеднички со другите да доставуваат претставки и предлози.

Член 107

Претставките и предозите во писмена форма или усно на записник, поединечно или групно, до Градоначалникот.

За претставките и предлозите од член 102 не се плаќа такса.

Член 108

Подносителот не смее да трпи штетни последици поради поднесување на претставка, ниту поради тоа може да биде повикан на одговорност.

Член 109

Постапувањето по претставките и предлозите опфаќа прибирање на податоци, известувања и мислења за околностите што се од значење за правилно отценување на претставката, како и преземање на потребни мерки за отстранување на повредата на правото на подносителот или повреда на јавните интереси.

Член 110

Градоначалникот на Општината е должен најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на преставката, односно предлогот на подносителот да му достави образложен одговор.

Ако претставката или предлогот не се однесуваат на работата од надлежност на органите на општината, Градоначалникот ги доставува до соодветниот надлежен орган и затоа го известува подносителот.

Д) Јавни трибини, анкети и предлози

Член 111

Органите на Општината, при донесувањето на прописи од својата надлежност, претходно можат да организираат јавна трибина, да спроведат анкети или да побараат предлози од граѓаните.

Јавната трибина се организира кога се донесуваат прописи за прашања од локалниот економски развој, комунални потреби (водоснабдување, одржување на јавна чистота, одржување на локални патишта и улици) и други прашања, од пошироко локално значење.

Анкета се спроведува за донесување урбанистички планови и други прашања од локално значење.

Прибирање предози од граѓаните за решавање прашања од локално значење ќе се врши преку објавување соопштение со кое ќе се повикаат граѓаните да даваат своипредлози.

Постапката, начинот и времето за преземање на една од наведените активности од став 1 на овој член, ќе се утврди со одлука донесена од органот што ја организирал.

Член 112

Gradona~alnikot i Sovetot na Edinicata na lokalnata samouprava Ki~evo po sopstvena inicijativa organiziraat forumi na zaednicata, kako forma na javno u~estvo na site gra|ani na edinicata na lokalnata samouprava, zaradi javno raspravawe za problemite i utvrdavawa re{enia i prioriteti, predlagawe i izbor ili razvivawe na proekti od interes na zaednicata .

Organiziraweto na forumite opi{ani vo prethodniot stav od ovoj ~len mo`e da se pokrene i na inicijativa na zainteresirani pravni i fizi~ki lica koi se podgotveni finansiski i materijalno da poоdr`at proekti vo interes na edinicata na lokalnata samouprava .

Baraweto od stav 2 na ovoj ~len se podnesuva do Гradona~alnikot na Op. Ki~evo, koj vrz osnova na strate{kite dokumenti i celi za razvoj na edinicata na lokalnata samouprava odlu~uva dali inicijativata }e bide prifatena ili odbiena

Na~inot i postapkata na funkcioniraweto na forumite na zaednicite se ureduva so Pravilnik {to go donesuva Sovetot na edinicata na lokalnata samouprava po predlog na Гradona~alnikot,, .

6. ИНФОРМИРАЊЕ НА ГраѓаНИТЕ И СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

А) Информирање на граѓаните

Член 113

Органите на Општината, комисиитена Советот на Општината и јавните служби и установи основани од Општината, ги информираат граѓаните за одлуките и своите активности кои се од непосредно значење за животот и работата на граѓаните во Општината, и други информации од јавен интерес.

Граѓаните на Општината се информираат за.

–    Прописите кои ги донесува Советот на Општината,

–    Начинот и условите за остварување на нивните права,

–    Обврските на граѓаните кои произлегуваат од надлежноста на Општината,

–    Плановите, проектите и програмите кои се во подготовка, а се од значење за развојот на Општината,

–    Услугите кои ги добиваат од јавните служби и Општинската администрација и начинот на нивно добивање,

–    Приходите кои се остваруваат во Општината и начинот на нивна распределба и трошење,

–    Јавните набавки на основни средства за работа,

–    Именувањето на директори ипретставници во управните одбори на јавните претпријатија, установи и училишта,

–    Други информации кои произлегуваат од надлежноста на органите на Општината, јавните служби и установи во согласност со закон.

Член 114

Информирањето на граѓаните на Општината се врши редовно, без надоместок преку,

–    Издавање на ‘’Службен гласник на Општината’’,

–    Издавање и дистрибуција до граѓаните на месечни информативни билтени,

–    Објавување на публикации,

–    Информативни канцеларии водени од општинската администрација и јавните служби основани од Општината,

–    Огласни табли во простории на органите на Општината, месните заедници, јавните служби и установи,

–    ВЕБ сајт,

–    Јавни трибини во месните заедници на одредени прашања,

–    Средстсвата за јавно информирање и

–    На друг соодветен начин кој е најповолен за информирање најавноста.

Член 115

Советот на Општината со посебна одлука може да утврди за одредени информации да се информира и на јазикот кој не е службен јазик во Општината, а го зборуваат дел од жителите на Општина Кичево.

Б) Слободен пристап до информациите од јавен карактер

Член 116

Во Општината се обезбедува правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располагаат органите на Општината, јавните служби и установи основани од Општината и правни и физички лица со доверени јавни овластувања на Општината, согласно Закон.

Со исклучок во случаи утврдени со Закон, правото на слободен пристапк до некои информации сокои располагаат имателите на информации од став еден на овој член може да биде ограничен или да се обезбеди делумен пристап.

Член 117

За информациите со кои располагаат и до кои се обезбедува слободен пристап имателите на информации од став 1 на овој член востановуваат и водат листа на информациите за која се објавува,на начин кој е достапен за барателите на информации.

За листата на информации и условите и начинот на слободен пристап до информациите, граѓаните на Општина Кичево се известуваат преку интернет страница,огласна табла, информативни билтени и други облици на информирање.

Имателите на информации се должни редовно да водат и да ажурираат листата на информации од јавен интерес со кои располагаат и да ги објават на начин достапен за јавноста.

Листата на информации од јавен карактер за органите на Општината ја предлага Градоначалникот, а ја утврдува (донесува) Советот на Општината.

Листата на информации од јавен карактер за јавните служби и установи основани од Општината ја утврдува Управниот одбор на предлог на директорот.

Член 118

Постапката за остварување на првото на слободен пристапк до инфорамции се остварува во согласност со закон.

Градоначалникот на Општината создава услови и презема мерки пропишани со закон, за остварување на правото на слободен пристапк до информациите од јавен карактер со кој располагаат Советот на Општината и Општинската администрација.

Директорот на јавното претпријатие и јавната установа основани од Општината, создава услови и презема мерки пропишани со закон за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат, согласно Статутот на претпријатието иустановата.

Член 119

Слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат имателите на информации од став 1 на член 113 имаат сите правни и физички лица.

Слободниот пристап до информации се остварува,

–    Со увид во документите со кои располага имателот на информацијата,

–    Со добивање препис фотокопија или електронски запис од документите со кои располага имателот на инфромацијата.

Имателот на информацијата за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информациите определува службено лице.

Член 120

Барателот на информацијата за добиениот препис (фотокопија) или електронски запис на информацијата, плаќа соодветен надоместок во висина на материјалните трошоци.

Барателот на информацијата при поднесувањето на барањето се известува за плаќање и висината на соодветниот надоместок, на соодветен начин (интернет страница, огласна табла и сл.) и му се дава на увид на секој барател пред поднесување на барањето.

Член 121

Имателот на информацијата ако не ја достави бараната информација, барателот има право на жалба до државната комисија за заштита на правото за слободен пристапк до информации од јавен карактер.

Член 122

Советот на Општината усвојува Годишен извештај за остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од минатата година во Општината.

Годишниот извештај за остварувањето на слободен пристап до информации го подготвува Градоначалникот на Општината и го доставува до Советот најдоцна до 31 јануари во тековната година.

Извештајот од став 1 на овој член ги содржи и податоците за остварениот слободен пристап до информаците со кои располагаат јавните служби кои ги формира Општината.

Извештајот од став 1 по усвојувањето се доставува до Државната комисија за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

7) СОПСТВЕНОСТ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ОПшТИНАТА

Член 123

Сопственоста на Општината ја сочинуваат неподвижни и подвижни ствари, парични средства и права.

Сопственоста, општината ја стекнува од сопствени извори на приходи.

Сопственоста на Општината ја стекнува и преку финансирање од граѓаните или со нивно учество на друг начин, од подароци, наследство, донации или по други основи со Одлука на Советот на Општината.

Член 124

За купување, оттуѓување и оптоварување на сопственоста на Општината одлучува Советот на Општината.

Оттуѓување на сопственоста на Општината се врши само по пат на јавно наддавање, согласно Законот.

Продажната цена на стварите не смее да биде помала од нивната пазарна вредност.

Средствата добиени од продажбата на стварите може да се инвестираат само за стекнување нови или реконстуркција на постојни ствари во сопственост на Општината.

Член 125

Општината ја евидентира целата сопственост и нејзината проценка и ја искажува во годишната сметка.

Член 126

Стварите во сопственост на Општината можат да се дадат на користење на други субјекти по пат на јавно наддавање во согласност со закон.

Член 127

Општината се финансира од сопствени извори на приходи и локални даноци, надоместоци на такси утврдени со закон, дотации од државата и други извори на приходи утврдени со закон, донации од донатори и заеми.

Општината во рамките на своите надлежности самостојно располага со сопствените извори на приходи.

Член 128

Приходите и трошоците на Општината се утврдуваат со Буџетот на Општината.

Буџетот на Општината содржи биланс на приходите и трошоците на Буџетот, а се однесува за фискална година од 12 (дванаесет) месеци која почнува од 1 јануари, а завршува на 31 декември секоја календарска година.

Член 129

Предлогот на Буџетот на Општината го утврдува Градоначалникот и го доставува до Советот на Општината за донесување не подоцна од средината на месец ноември.

Советот на Општината не може да го разгледува предлогот на Буџетот на Општината пред истекот на 20 (дваесет) дена од денот на доставувањето до советниците на Советот на Општината.

Член 130

За секоја промена на Буџетот на Општината, за дополнително усвоени трошоци пропратени со мерки што ќе ги зголемат предложените приходи, или ќе ги намалат другите трошоци во сразмерен износ Одлука донесува Советот на Општината.

Член 131

За покривање на непредвидените барања за трошоци што ќе се појават во текот на буџетската година од вкупните тековни и капитални трошоци се издвојува буџетска резерва во висина утврдена со Закон.

За користење на средствата од буџетската резерва одлучува Советот на Општината по предлог на Градоначалникот на Општината.

Советот на Општината со одлука може да го овласти Градоначалникот за начинот на користење на буџетската резерва.

Член 132

Доколку Буџетот на Општината за наредната година не биде донесен до 31 декември во тековната година ќе се постапи согласно со Законот за буџетите и се воведува времено финансирање и тоа најдолго за 3 (три) месеци.

Член 133

На крајот од секоја фискална година се изготвува Годишна сметка за секоја измината година.

Годишната сметка на Буџетот, Советот на Општината треба да ја усвои најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година.

Член 134

Извршувањето на Буџетот на Општината го врши Градоначалникот, а поконкретно се уредува со Одлуката за извршување на Буџетот на Општината.

8. МЕСНА САМОУПРАВА ВО ОПшТИНАТА

Член 135

Граѓаните во Општината одлучуваат за работите од непосредно и секојдневно значење од својот живот и работа и преку облици на месната самоурава кои можат да го основаат согласно овој Статут.

Член 136

Во Општината како облици на Месна самоуправа можат да се основаат во градот – урбани заедници, а во другите населени места – рурални заедници.

Обликот на Месна самоуправа се основа во градот, за урбана единица согласно урбанистичкиот план, а за останатите населени места на катастарската општина на населеното место.

Член 137

Во Општина Кичево како Месни самоуправи – урбани заедници се : Бичинци, Подварош, Карпош, Коњски ливади, Ложионица, Горица, Девеана, Чифлиг, Календерица 1, Календерица 2, Бала Маало, Пашино, Горно Пашино, Ивани дол, Под Крушино, Партизански одреди, 22- декември, Раштански пат, Осојски пат, Бела Кула .

Како месни самоуправи – рурални заедници се : Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карбуница, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патеец, Рабетино, Речани-Челопечко, Светораче, Староец, Челопеци, Белица, Брждани, Видрани, Големо Црско, Горна Душегубица, Горно Добреноец, Долна Душегубица, Долно Добреноец, Другово, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Јаворец, Јудово, Кладник, Кленоец, Козица, Лавчани, Малкоец, Мало Црско, Манастирско Доленци, Подвис, Попоец, Пополжани, Прострање, Свињиште, Србјани , Цер, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Зајас Џума, Зајас Теќе, Зајас Укај, Зајас Челикај, Колари, Колибари, Лешница, Мидинци, Речани-Зајашко, Тајмиште, Кнежино, Лазаровци, Мамудовци, Осој, Раштани, Трапчин Дол, Арангел, Бериково, Гарани, Жубрино, Јагол, Јагол Доленци, Ново Село, Осломеј, Папрадиште, Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Туин Калешовци, Црвивци и Шутово .

Член 138

Иницијатива за основање облици на Месна самоуправа можат да покренат најмалку 10% од граѓаните со право на глас, жители на подрачјето во кои има интерес за основање облик на месна самоурпава.

Член 139

Иницијативата за основање содржи, име на подносителот, опис на подрачјето за кое се бара основање на обликот на месна самоуправа, образложение на потребите за основање и потпис на заинтересираните Граѓани.

Иницијативата за основање се доставува до Советот на Општината кој ја разгледува и оценува дали се исполнети условите и основани потребите за основање на обликот на месна самоуправа и дава соодветни упатства и ја подржува иницијативата како право на месна организираност на жителите.

Член 140

Одлуката за основање на обликот на Месна самоуправа се донесува на Собир на граѓаните од соодветното подрачје по пат на јавно гласање со мнозинство гласови од присутните Граѓани.

Собирот на граѓани од став 1 на овој член го свикува Градоначалникот на Општината во рок од 15 дена од денот на донесувањето на Одлуката.

Член 141

Граѓаните преку облиците на месната самоуправа во согласност со овој Статут и одлуките за основање се грижат за,

Решавање на прашања од комуналната инфраструктура за соодветното подрачје,

–    Изградба и одржување на објекти од јавен интерес (водоводи, улици, културни домови, спортски објекти и др.),

–    Заштита на животната средина и природата.

–    Уредување и одржување на гробиштата, во селските населби,

–    Покренување иницијатива за уредување на просторот,

–    Организирање културни, спортски, забавни и други манифестации и,

–    Други работи од неспоредно секојдневно значење за живототи работата на граѓаните.

Советот на облиците на месната самоуправа дава иницијатива и предлози до надлежните органи на Општината, за прашања од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и други прашања од интерес на граѓаните.

Член 142

Работите од членот 136 на овој Статут се финансираат од,

Средства што Општината им ги отстапи на облиците на Месна самоуправа согласно со плановите и програмите за нејзиниот развој.

–    Средства што граѓаните непосредно ги здружуваат,

–    Средства што ќе ги издвојат заинтересираните правни и физички лица,

–    Средства од надомест на услуги и трансвери од повисоки нивоа на власт,

–    Подароци и други средства, како и донации од странство.

Прибирањето и трошењето на средствата од став 1 на овој член се врши преку Буџетот на Општината.

Член 143

Органи на облиците на Месна самоуправа се Советот на облиците на Месна самоуправа .

Советот на облиците на Месна самоуправа се избира на собир на граѓаните, доколку собирот не одлучи гласањето да биде тајно.

Советот на облиците на Месна самоуправае составен од 3 (три) до 7 (седум) членови.

Советот избира претседател од редот на своите членови со мандат од 4-ри години . Изборот и обврските на претседателот се уредени со закон .

Мандатот на членовите на Советот на облиците на Месна самоуправа и мандатот на претседателот и членовите на контролниот одбор трае 4 (четири) години.

Член 144

Одлука за распишување избори за органи во облиците намесна самоуправа донесува Советот во стариот состав, најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот.

Ако Одлуката од став 1 на овој член не се донесе во утврдениот рок, Одлука за распишување избор на членови во Советот на облиците на Месна самоуправа донесува Градоначалникот на Општината во рок од 15 дена.

Член 145

Предлагање и утврдување на кандидати за членови во Советот на облиците на Месна самоуправа и претседател и членови во контролниот одбор се врши на собир на Граѓани.

За утврдени се сметаат кандидатите кои добиле мнозинство, односно најголем број гласови од присутните Граѓани на собирот.

Член 146

Постапката за предлагање, утврдување и избор на членови на Советот на облиците на Месна самоуправа и претседател и членови во контролниот одбор поблиску се уредуваат со правилата за работа на обликот на месната самоуправа донесени од Советот на Општината.

Член 147

За избрани членови на Советот на облиците на Месна самоуправа и претседател и членови во контролниот одбор се сметаат кандидатите кој добиле мнозинство, односно најголем број гласови од избирачите кои гласале.

Член 148

Советот на облиците на Месна самоуправа од своите членови избира претседател кој го претставува и застапува обликот на Месната самоурава.

Советот на облиците на Месна самоуправа донесува правила со кои се уредува работата на обликот на Месната самоуправа како и програма за работа, по претходно мислење на Општианта.

Член 149

Градоначалникот на Општината со Решение може да делегира вршење на определена работа од непосреден интерес и секојдневно значење за животот и работата на жителите, напретседателот на Советот на обликот на месната самоуправа.

Средствата потребни за извршување на работите од ставот 1 на овој член се утврдуваат во Решението за делегирање на надлежноста.

Со Решението се определува Органот и начинот за вршење надзор над извршувањето на работите од ставот 1 на овој член.

Член 150

Општинската администрација ги врши стручните, административно техничките и сметководствено – финансиските работи на органите на обликот на Месната самоуправа.

Контрола над трошењето на средствата што ќе бидат пренесени на извршување на делегираните надлежности врши општинската администрација.

Општината води евиденција на облиците на Месна самоуправа основани на нејзиното подрачје.

9. НАчИН И ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ГРБОТ И ЗНАМЕТО НА ОПшТИНАТА

Член 151

Грбот и знамето на Општината се утврдуваат со Одлука на Советот на Општината.

За утврдување на грбот и знамето на Општината, Советот на Општината распишува конкурс и образува комисија.

Член 152

Комисијата од пристигнатите трудови по објавениот конкурс утврува предлог за грб, односно знаме на Општината и го доставува до Советот на Општината на усвојување.

Член 153

Советот на Општината сомнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот одлучува по предлогот на Комисијата.

Одлуката на Советот за утврдување грб односно знаме на Општината е составен дел на Статутот на Општината.

Член 154

Грбот на Општината се употребува во состав на печатот на Општината.

Грбот на Општината може да се употребува и на официјални покани, честитки и на слични акти што ги користат Советот и Градоначалникот на Општината.

Советот на Општината може да одобри употреба на грбот на Општината од физички и правни лица ако оцени дека е во интерес на Општината.

Член 155

Знамето на Општината се истакнува на зградата на Општината и на видниместа на Општината.

Знамето на Општината може да се истакнува и при меѓународни средби, натпревари и други собири на кои учествува или е презентирана Општината.

Член 156

Грбот и знамето на Општината не смеат да сеупотребуваат ако се оштетени или со својот изглед се неподобни за употреба.

10. ЗАшТИТА НА ОПшТИНАТА

Член 157

Иницијатива за оцена на уставноста на законите и уставноста и законитоста на општите акти на Министерствата или други органи на државната управа со кои се нарушува уставната положба и правата на Општината, утврдени со законите можат да поднесат Советот, односно Градоначалникот на Општината до Уставниот суд на Република Македонија.

Член 158

Градоначалникот на Општината има право да бара судска заштита пред надлежните судови кога на Општината и се попречува вршење на дадените надлежности со Уставот и Законот, со акти и активности на органите на државната управа и на Владата на Република Македонија.

11. ИЗВРшУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ОДБРАНАТА ВОВОЕНА СОСТОЈБА

Член 159

Во воена состојба, органите на Општината,

–    продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со Закон

–    преземаат мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на своето подрачје од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи од последиците предизвикани од нив.

Општината се подготвува за извршување на обврските од ставот 1 на овој член пред:

–    планирање и организирање на мерките за заштита и спасување за свои потреби.

–    формирање на единици и штабови за заштита и спасување во согласност со закон и прописи, засновани на закон,

–    обучување за одбрана односно вклучување во активности за стекнување на неопходно воено стручни и други знаења во учество во одбраната,

–    преземање мерки и активности и постапки за заштита и чување на тајноста на податоците, информациите и документите од областа на одбраната, во согласност со закон и прописи засновани на закон.

–    Координација за соработка со другите општини,

12. НАчИН НА ОБЈАВУВАЊЕ ПРОПИСИТЕ НА СОВЕТОТ

Член 160

         Прописите на Советот се објавуваат во ‘’Службеното гласило’’ пред да влезат во сила.

Службено гласило на општината е ‘’Службен гласник на Општина Кичево’’.

Во службеното гласило на Општината можат да се објавуваат и прописи на други општини.

Член 161

Прописите на Советот влегуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на Општината“ а по исклучок што го утврдува Советот најрано со денот на објавувањето.

Прописите на Советот можат да влезат во сила и во покус рок од 8 дена ако:

–    причините поради кои се предлага дoнесувањето на прописот и целите што се сака да се постигнат со неговото донесување се од итен и неодложен карактер,

–    не создаваат материјални обврски за граѓаните и правните лица,

–    прашањата што се регулираат се од сверата на одбраната, заштитата спасувањето и сл.

–    тоа го налагаат начелата на целисходност, рационалност, ефикасност, економичност, оперативност и сл.

13. ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТАТУТОТ НА ОПшТИНАТА

Член 162

Измени и дополнувања на Статутот на Општината можат да предложат најмалку една половина од членовите на Советот на Општината, Градоначалникот на Општината, најмалку 10% од избирачите во Општината или согласно закон.

Член 163

Одлука за пристапување кон измени на Статутот донесува Советот на Општината со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Член 164

Измените на Статутот на Општината се донесени ако за нив гласале мнозинство од членовите на Советот на Општината.

14. ПРЕОДНИ И ЗАВРшНИ ОДРЕДБИ

Член 165

Со денот на влегувањето во сила на овој Статут престанува да важи Статутот на Општина Кичево бр. 07 – 1002/11 од 29. 03. 2006 год. „Сл. Гласник на Општина Кичево” бр. 05/2006 година.

Член 166

Во рок од 3 месеци од денот на влегувањето во сила на овој Статут ќе ги воведе во евиденција постојните облици на Месна самоуправа основани во согласност со Статутот на Општината.

Член 167

Овој Статут влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Кичево”.

               Бр. 07 – 2548/ ___          

             27. 08. 2013 год.                                               СОВЕТ   НА   ОПШТИНА   КИЧЕВО

                   Кичево                                                           Претседател : __________________

                                                                                                                               Ќамил   Алиу

top