Запознајте го секретарот на Општина Кичево

Рамиз Реџепи е роден на ден 29.12.1976 година во Колари.
Основно образование завршил во ОУ „Реџо Рушит Зајази“ во Зајас, додека средното образование го завршил во УЦСО „Мирко Милески“ во Кичево.
Дипломирaл на правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово.
Бил Советник во Советот на Општина Зајас.
Од 2007 година е вработен во Општина Зајас. Бил раководител на Одделението за нормативни правни работи и општи дејности.
Раководел со многу реализирани проекти во Општина Зајас. Еден од најзначајните проекти кои ги координирал е проектот за подобрување на енергетската ефикасност на училиштата во Општина Зајас.
Од 1 април 2011 година е Секретар во Општина Кичево.

Image

Администратата на Општината

Администраторите и раководителите на секторите од општина Кичево

 

top